Денес нова седница на Антикорупциска
Комисијата за спречување на корупција денеска свика нова седница, а на дневен ред се две точки од кои првата за постапување по службена должност за можни нови судири на интереси, а втората е за приговорите од ВМРО-ДПМНЕ против пет наводни случаи за непрописно делување во предизборен период.
Првиот приговор е против Јавното комунално претпријатие Гази Баба 2007, другиот против Градоначалник на општина Гази Баба, Скопје, а третиот против Градоначалник на општина Шуто Оризари. Четвртиот приговор поднесен до ДКСК е против Градоначалник на општина Кисела Вода, а петтиот против Градоначалник на Град Скопје.
Слично
