Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денес му е роденден на претседателот кој не е признат од СДСМ а кој ги залади односите со ЕУ во вториот мандат

Денес му е роденден на претседателот кој не е признат од СДСМ а кој ги залади односите со ЕУ во вториот мандат

Во Валандово е роден Ѓорге Иванов,  претседател на Република Македонија, избран на претседателските избори во 2009. 

На функцијата стапил на 12 мај 2009, а за втор мандат бил избран во 2014 година. 

Претходно бил професор по право и политикологија на Правниот факултет „Јустинијан I“ во Скопје. За време на претседателските избори во 2009, Иванов добил поддршка од повеќемина јавни личности од академската, политичката, културната и спортската фела. 

На неговата прва инаугурација присуствувале претседателите на Србија, Хрватска, Албанија и Црна Гора. 

Во 2014 освоил втор претседателски мандат, но не бил признат од СДСМ поради обвинувања за изборен фалсификат и од ДУИ поради немање поддршка од Албанците во Македонија. За време на вториот мандат ги заладил односите со ЕУ и Германија, обвинувајќи ги за неажурност во справувањето со европската мигрантска криза. Во политички кризните години од 2014 до 2017 се застапува за принципиелна одбрана на уставниот поредок, унитарноста и милтикуртурализмот на Република Македонија. Континуирано и неотстапно во меѓународни рамки настапува во одбрана на уставното име на Република Македонија и во одбрана на историските идентитетски придобивки на македонскиот народ.

Слично

Поврзани вести