Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕНЕС МНОГУ ВИСОК УВ ИНДЕКС: Еве какви температури не очекуваат

ДЕНЕС МНОГУ ВИСОК УВ ИНДЕКС: Еве какви температури не очекуваат

За последниот работен ден од неделава, според метеоролозите не очекува сончево време и топло со мала до умерена локална облачност.

УВ индексот ќе биде многу висок и ќе изнесува 9.

Дневните температури на воздухот во земјава ќе бидат за степен, два повисоки од вчера и ќе се движат од 27 до 37 степени. Најтопло се очекува да биде во југоистокот од Македонија.

Во Скопје се очекува сончево време и максимални 36 степени.

Надлежните апелираат поради високите температури и високиот УВ индекс граѓаните доколку не мораат да не излегуваат на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

Граѓаните да пијат повеќе течности, особено вода.

Да се носи светла и лесна облека, исто така апелираат и да се носи шапка и очила за сонце за заштита, и да се избегнува мрсна и тешка храна.

Во наредниот период ќе се задржи топло време.

Од сабота во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.



Слично

Поврзани вести