Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денес меѓу починатите од коронавирусот е и 23 годишен пациент

Денес меѓу починатите од коронавирусот е и 23 годишен пациент

Меѓу починатите од коронавирусот денес е и 23 годишен пациент. 

За едно деноноќие коронавирусот однесе уште 17 жртви. Пријавени се вкупно 17 починати лица, на возраст од 23 –90 година и тоа: 8 пациенти од Скопје, од Прилеп – 2, и по едно починато лице е пријавено од Штип, Кочани, Куманово, Охрид, Кичево, Крива Паланка и Виница. Од пријавени, 16 лица се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.  Досега во земјата се направени вкупно 599.782 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 122.227, бројката на оздравени пациенти е 102.652, на починати е 3.545, а бројот на активни случаи изнесува 16.030.

Вчера најмладиот починат од вирусот беше на возраст од 29 години. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести