Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денес ќе биде познато името на кумот и здравичарот за Бадник

Денес ќе биде познато името на кумот и здравичарот за Бадник

Здружението на граѓани Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје на 09.12.2022 г.(четврток) во салата за состаноци на Советот на Општина Центар (барака 6) ќе ги претстави Кумот и Здравичарот за Бадник 2022. Промоцијата ќе започне во 12 часот.

Таа, истовремено, ќе биде и убава можност за дружење и запознавање со членовите на Одборот, кои ги прават завршните подготовки за 30-та средба на 6-ти јануари 2022 г. на платото пред Соборниот Храм Свети Климент Охридски. 

Поканети се и  Кумови и Здравичари од изминатите манифестации, што наидоа на општа симпатија и одобрување кај скопјани,како и долгогодишни спонзори и симпатизери на традиционалното скопско Бадникување. 


Слично

Поврзани вести