ДЕНЕС ИЗБЕГНУВАЈТЕ ЈА ИЛИНДЕНСКА: Посебен сообраќаен режим во Скопје
Сојузот на синдикатите на Македонија, денеска, со почеток од 11 часот, ќе одржи протест пред Владата, на булеварите Илинден и Свети Климент Охридски. Поради одржувањето на протестот, доколку се појави потреба, сообраќајот ќе биде пренасочуван по околните сообраќајници, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
- Единицата за безбедност на патниот сообраќај од тие причини ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје - информираа од МВР.
Од МВР апелираа сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.
Слично
