Денес има повеќе оздравени од заболени од коронавирусот
Во Македонија, денес има повеќе оздравени од заболени од коронавирусот.
Има 305 оздравени, и 214 нови заразени со вирусот.
Регистрирани се 305 оздравени пациенти. Пo градови, состојбата е следна: Скопје – 105, Куманово – 39, Прилеп – 27, Велес – 19, Битола – 17, Тетово – 15, Кочани – 14, Охрид – 13, Кичево – 12, Штип – 9, Струмица – 6, Валандово – 5, Гостивар – 4, Струга, Гевгелија и Свети Николе – по 3, Кавадарци, Крушево и Пехчево – по 2, Берово, Виница, Демир Хисар, Кратово и Дојран – по 1.
Во последните 24 часа се направени 2.276 тестирања, а регистрирани се 214 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 94, Куманово – 29, Тетово – 19, Прилеп и Виница – по 7, Охрид – 6, Велес, Кочани, Неготино и Свети Николе – по 5, Штип и Струмица – по 4, Битола, Кавадарци, Струга и Кичево – по 3, Гостивар, Радовиш и Богданци – по 2, Гевгелија, Ресен, Делчево, Пробиштип, Крушево и Македонски Брод – по 1.
За 24 часа има 36 починати од коронавирусот.foto freepik
