Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денес има повеќе оздравени од заболени од коронавирусот

Денес има повеќе оздравени од заболени од коронавирусот

Денеска Министерството за здравство информира за  638 оздравени пациенти од коронавирусот. 

Бројот на оздравени во последното деноноќие е поголем од бројот на заболени. По градови, Скопје  има 328 оздравеи, Куманово – 44, Велес – 41, Тетово – 37, Струмица 31, Гостивар - 20, Кавадарци – 18, Штип – 14, Прилеп, Кочани и Битола –  по 12, Гевгелија и Дебар – по 11, Охрид – 8, Кичево – 7, Делчево и Неготино – по 5, Радовиш – 4, Берово, Свети Николе и Валандово – по 3, Струга, Кратово и Богданци – по 2, Виница, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1 оздравен. 

Пријавени се вкупно 7 починати лица. Починати се 2 пациенти од Скопје (72г и 84г) и по еден смртен случај е регистриран од Тетово (73г), Велес (48г), Охрид (65г), Кичево (65г) и Дебар (80г). Шест пациенти се починати во болнички услови и еден во домашни услови.

foto freepik

Слично

Поврзани вести