Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денес и утре постудено, од среда нови промени во временската прогноза

Денес и утре постудено, од среда нови промени во временската прогноза

Новата работна недела која стартува овој понеделник ни носи студено утро но и студен ден.

Метеоролозите за оваа недела прогнозираат раст на температурите како што одминува неделата. 

Денеска температурите ќе се движат од минус 13 до минус три, а дневната од минус пет до шест степени.

Студено ќе биде и во вторник а максималните температури утре ќе бидат повисоки а околу 5°С до 6°С, односно ќе има вредности помеѓу 8°С и 11°С во северниот и западниот крај, а на југоисток околу 13°С.

Во среда температурата преку ден ќе биде пониска во однос на вторник, но позабележително во северниот крај, каде максималната ќе има вредности помеѓу 6°С и 8°С, а во јужниот регион помеѓу 8°С и 12°С. 

Четврток и петок ќе бидат најтоплите денови неделава, а максималната ќе има вредности помеѓу 10°С и 13°С во северниот и западниот крај и околу 15°С во југоисточниот крај.

Најстудено наутро ќе биде во првите два дена од оваа работна недела, а попријатна температура наутро ќе имаме во втората половина од неделата, информираат од метеопро.

Слично

Поврзани вести