Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕНЕС И УТРЕ НАТПРОСЕЧНО ТОПЛО: Неделава голем температурен шок

ДЕНЕС И УТРЕ НАТПРОСЕЧНО ТОПЛО: Неделава голем температурен шок

Нетипични временски прилики ни носи денешниот ден за овој период од годината.

Очекувајте топол и сончев ден со температури кои ќе достигнат максимум на термометарот од 30 до 37 степени ширум државата а во Скопје 35 °C.

Источните и западните региони ќе почуствуваат слаб до умерен ветер.

Слично време не очекува и во вторник. Топло и сончево со температури до 31 степен Целзиусов.

Во среда веќе пресврт во временската прогноза.

Метеоролозите најавија врнежи и ретки грмежи, а исто такво време ни носи и четврток но со значителен пад на температурите.

Во петок времето според УМХР ќе се стабилизира но ќе биде доста посвежо со ниски утрински температури.

Слично

Поврзани вести