Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕНЕС ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Еве што да очекувате

ДЕНЕС ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Еве што да очекувате

Под влијание на помал влажен бран во склоп со малку поладен воздух од север и од североисток наутре во Македонија ќе имаме краткотрајна помала промена на времето. Ќе имаме повеќе облачност  и локални врнежи од дожд со слаб до умерен и со умерен интензитет проследени со повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец кој ќе биде најизразен во Повардарието како и во источните предели од Македонија, објави метеорологот Славчо Попоски.

„На планинските места пак со надморска височина од над 1500/1600 метри ќе има повремени слаби врнежи од снег.

Во Скопје и околината исто така ќе има повремен локален дожд проследен со повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец.

Сепак како што веќе претходно кажав  и најавив целата оваа промена кратко ќе трае  па во деновите потоа ќе имаме повторно стабилно и релативно топло време  преку ден сои натпросечни температури и со многу повеќе сонце“, објави тој.



Слично

Поврзани вести