Денес гласа дијаспората, а дома болните и изнемоштените, како и затворениците
Денес додека трае изборниот молк во кој не смее да има никакви партиски изборни активности ниту пропаганди први кои ќе гласаат се иселениците, кои своето право на глас може да го остварат во конзуларно-дипломатските преставништва.
Според податоците на ДИК регистрирани се околу 20.000 гласачи, од кои најмногу ги има во Швајцарија, како и во големите градови во САД и Австралија. За овие избори за гласањето во Берн отворени се три дополнителни избирачки места, додека во Венеција две.
Гласање денеска се спроведува и за 2.015 затвореници и лица во притвор. Дома или на адреса каде што се пријавени денеска гласаат и болните и немоќните. Гласаат и 13 внатрешно раселени лица. Изборниот молк ќе трае се до недела во 19 часот кога ќе заврши гласањето.
