Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕНЕС Е ДЕНОТ „Д“: Завршува продолжениот викенд, се очекуваат гужви на Евзони - Богородица

ДЕНЕС Е ДЕНОТ „Д“: Завршува продолжениот викенд, се очекуваат гужви на Евзони - Богородица

По завршувањето на првомајскиот продолжен викенд, денеска се очекува зголемен интензитет на сообраќајот на граничните премини при враќање од Грција кон Македонија и регионот.

Најголеми гужви се најавуваат во попладневните и вечерните часови, кога најголем број граѓани традиционално се враќаат дома по краткиот одмор.

Како најоптоварена точка се очекува да биде граничниот премин Евзони – Богородица, каде во исто време се среќаваат возила од повеќе земји од регионот. Засилени задржувања се можни и на преминот Дојран, како и на другите гранични премини кон Македонија.

Иако дел од патниците го избираат Дојран како алтернативен правец, се очекува и таму да има значителни гужви, особено ако поголем број возачи се пренасочат од главниот премин Евзони.

Според проценките, најголемиот бран на враќање ќе се интензивира во текот на попладнето, а кулминацијата на гужвите се очекува во вечерните часови.

Надлежните и туристичките портали препорачуваат граѓаните да го испланираат враќањето, да ја следат состојбата на граничните премини во живо и, доколку имаат можност, да избегнат патување во најфреквентните термини. Дури и разлика од еден до два часа може значително да го намали времето на чекање.


Слично

Поврзани вести