Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денес бројот на оздравени е поголем од бројот на заболени

Денес бројот на оздравени е поголем од бројот на заболени

Во последните 24 часа бројот на оздравени е поголем од бројот на заболени. 

Нови случаи има 175, а регистрирани се 365 оздравени пациенти, објави Министерството за здравство. Најголем број оздравени вообичаено има во главниот град. Во Скопје има 288, Велес – 10, Прилеп - 7, Куманово – 7, Гостивар – 7, Штип - 7, Кочани – 4, Гевгелија – 3, Крива Паланка – 3, Виница – 3, Кратово – 3, Кичево - 3, Тетово – 2, Дебар - 2, Берово – 2, Богданци – 2, Пехчево – 2, Охрид - 1, Битола – 1, Кавадарци – 1, Ресен - 1, Радовиш - 1, Пробиштип - 1, Крушево – 1, Демир Хисар - 1, Македонски Брод – 1, Неготино – 1 оздравен. 

Откако почна пандемијата, бројката на оздравени пациенти е 81.681, на починати е 2.855, а бројот на активни случаи изнесува 8.157. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести