Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денес бидете трпеливи: Продолжениот Велигденски викенд навестува гужва по патиштата

Денес бидете трпеливи: Продолжениот Велигденски викенд навестува гужва по патиштата

Денес е последниот работен ден од оваа работна недела. Ден пред продолжениот викенд по повод големиот христијански празник Велигден. Вработените со нетрпение го очекуваат завршувањето на работниот ден, дел од нив се ослободиле час-два порано од работа, дел пак го зеле и денешниот ден слободен. Се подготвуваат граѓаните за сообраќајниот метеж кој следува. 

Големите празници, а пред се продолжените викенди секогаш се повод за прошетка на граѓаните. Некои од нив испланирале да ги поминат овие четири дена за одмор на некое од туристичките места во соседството. Најчести дестинации за прошетка во Бугарија  македонските граѓани ги избираат  Банско, Сандански и Благоевград, додека во Грција за време на продолжен викенд кога е потопло Македонците го одбираат Солун, но има и такви кои сакаат да уживаат во пролетното време покрај море.  Граѓаните продолжениот викенд го користат и за прошетка на некои од нашите туристички места. Меѓутоа голем ќе биде бројот и на оние граѓани кои за празниците ќе си отидат во своите родни места. Да ги видат најблиските и да го прослават празникот во кругот на роднините.

Кога и да патувате, бидете трпеливи ќе има гужва посебно на магистралните патишта, поточно секако ќе почекате минута повеќе на некоја од патарините.

Од авто мото сојузот на Македонија информираат дека во моментот сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен и без подолги задржувања за влез и излез на граничните премини во државата.

Смирено и трпеливо, имајте си во подсвест мисла за убавите денови коишто ни претстојат, возете внимателно и убаво поминате каде и да патувате. И не заборавајте со себе да понесете и Велигденско јајце. 

Слично

Поврзани вести