Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕНЕС БЕШЕ ТМУРНО, НО КАКВО ЌЕ БИДЕ УТРЕ? Натпросечното топло време продолжува

ДЕНЕС БЕШЕ ТМУРНО, НО КАКВО ЌЕ БИДЕ УТРЕ? Натпросечното топло време продолжува

Во склоп со длабокиот циклонски систем кој е со центар над северозападна Европа, во следните часови и утре, најпрвин во западните, а потоа и во останатите предели од Македонија ќе има повремени врнежи од дожд со слаб до умерен, понекаде, особено во јужните предели и со умерен интензитет. Ветерот од јужен правец и понатаму ќе го има, но ќе биде со послаб интензитет и ќе го менува својот правец во југоисточен, вели метеорологот Славчо Попоски.

-За време на овој влажен бран, локално ќе наврнат над 15 литри дожд на метар квадратен, особено во јужните предели.

Послаби врнежи од дожд ќе има и во Скопје и околината.

Што се однесува до температурите, тие и понатаму остануваат натпросечно високи за овој период од годината и на повеќе места ќе надминуваат 10 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе надминат и 15 степени.

Натпросечното топло време ќе остане и во текот на следната седмица, но детална метео анализа за следната седмица следува во следните наши објави, вели тој.


Слично

Поврзани вести