Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ДЕНЕС АЛБАНСКИОТ НАРОД ВО ЗЕМЈАВА Е ПОД НАПАД НА ИНСТИТУЦИИТЕ НА СОПСТВЕНАТА ДРЖАВА, КОИ СЕ ЦЕЛОСНО ЗАРОБЕНИ“ - жестока реакција на ДУИ после денешните нови апсења

„ДЕНЕС АЛБАНСКИОТ НАРОД ВО ЗЕМЈАВА Е ПОД НАПАД НА ИНСТИТУЦИИТЕ НА СОПСТВЕНАТА ДРЖАВА, КОИ СЕ ЦЕЛОСНО ЗАРОБЕНИ“ - жестока реакција на ДУИ после денешните нови апсења

По денешните апсења, се огласија од опозициската партија ДУИ.

„Денес, албанскиот народ во земјава е под напад од институциите на сопствената држава коишто се целосно заробени од политичките и етноцентристички интереси на Власта. За да се заштитат себе си и своите, Премиерот, Министерот за внатрешни работи и Јавниот обвинител еднострано ја насочија истрагата против Албанците кои на било каков начин и било кога биле дел од институциите на системот“ реагираат од опозициската ДУИ.

Од партијата велат „Јасно изјавуваме дека денес против Албанците е прогласена еднострана и неправедна агресија, без разлика дали станува збор за ДУИ, за албанските партии во Власта или за Албанците воопшто“.

„Ова не е правда, ова е одмазда за вклучувањето на Албанците во институционалните текови! ДУИ ќе ги преземе сите потребни мерки за да се спречи продолжувањето на овој напад и да се обезбеди правда за албанскиот народ во земјава“ е ставот на ДУИ.

Слично

Поврзани вести