Дендијас со порака до Македонија: Лизгањето на Балканот кон минатото е ризично
Лизгањето на Балканот кон минатото е ризично, вели шефот на грчката дипломатија, Никос Дендијас.
Тој објаснува дека на сите средби и во сите разговори со функционерите од земјава, соговорниците покренувале две основни прашања: европската перспектива и како Грција може да помогне во оваа насока, како и зајакнување на билатералните врски во сите области, економија, инвестиции, енергија, транспорт и одбрана.
Дендијас им рекол на македонските соговорници дека Грција, под одредени услови, може да стане најдобар пријател на Македонија во иднина и дека Грција со нетрпение очекува да ја продолжи соработката во сите сектори со која било влада што ќе произлезе од внатрешните процеси.
Грчките власти деновиве потсетуваат дека дури и да се смени власта во Македонија, треба да се почитува Договорот од Преспа.
