Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дендијас: На Бујар Османи му реков дека нивните претци не учествувале во Битката за Гавгамела

Дендијас: На Бујар Османи му реков дека нивните претци не учествувале во Битката за Гавгамела

Министерот за надворешни работи Никос Дендијас во интервју за Real News, запрашан за односите со Северна Македонија по Преспанскиот договор, рече дека на неговиот колега Бујар Османи му рекол дека „претсите на сегашните граѓани на Северна Македонија не учествувале во Битката кај Гавгамела“, пренесува АНА-МПА.

Дендијас со ова алудираше на решавачката битка со која Александар Велики го победил персискиот владетел Дариј во 331 година пред нашата ера. Тој тврди дека на вакво нешто го потсетил македонскиот министер за надворешни работи во јануари. Шефот на грчката дипломатија има забелешки и за содржината на јавните пораки и соопштенија што произлегуваат од македонските политичари. 

„Не треба да се даваат несоодветни изјави што предизвикуваат емотивни реакции кај грчкиот народ. Ваквите изјави не помагаат во подобрувањето на климата на билатералните односи и секако не ја зајакнуваат европската перспектива на земјата“, вели Дендијас.

Дипломатот додаде дека со нетрпение ја очекува првата меѓувладина конференција на ЕУ со Северна Македонија но дека „основен критериум за постигнување на оваа цел е почитување на духот на Договорот од Преспа и унапредување на добрососедските односи. Тој смета дека Преспанскиот договор поголема примена треба да најде и во приватниот сектор.

„Познато е дека во самиот Договор имаше проблематични точки на кои Нова Демократија тогаш се спротивставуваше, навремено го изразуваше своето спротивставување на конкретните членови. Но, Договорот од Преспа влезе во сила и мора правилно да се спроведе. Иако се преземени неколку чекори во оваа насока, има уште многу простор за подобрување, како од јавните, така и од приватните актери“, смета Дендијас.



Слично

Поврзани вести