Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денарот е и ќе остане стабилен, потврдуваат од меѓународна агенција

Денарот е и ќе остане стабилен, потврдуваат од меѓународна агенција

Народна банка одамна ги демантира сите можни шпекулации околу курсот на денарот, но сега потврда за неговата стабилност стигнува од реномирана меѓународна незавосна рејтинг агенција, Стандард и Пурс.

Во врска со девизниот курс на денарот во однос на еврото, посочуваат дека според нивните оцени, тој и понатаму ќе остане стабилен. Притоа нагласуваат дека отсуството на краткорочни капитални текови значително ги намалува ризиците за македонската економија. Воедно, меѓу другото, во извештајот истакнуваат дека нивото на девизните резерви е адекватно и дека во јули оваа година е за 10 отсто повисоко во споредба со крајот на минатата година, што е значајно за стабилноста на домашната валута.

„Во извештајот, од агенцијата напоменуваат дека тековните случувања на депозитниот и девизниот пазар ја потврдуваат довербата на граѓаните во банкарскиот систем и во стабилноста на домашната валута – денарот“, се вели во соопштението од нашата централна банка.

Слично

Поврзани вести