Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕН ЗА ОДЛУКА: Спорните урбанистички планови пак на маса во Центар

ДЕН ЗА ОДЛУКА: Спорните урбанистички планови пак на маса во Центар
Советниците на општина Центар денеска повторно пред себе ги имаат на разгледување двата спорни детални урбанистички плана, чија објава ја стопираше градоначалникот Андреј Жерновски. Согласно законските одредби, по ветото од градоначалникот, претседавачот на Советот на општина Центар Мирослав Шиповиќ на дневниот ред за денешната седница повторно ги стави ДУП-овите за Тасино Чешмиче и Градска четврт - Капиштец. Со нив, меѓу другото се предвидува изградба и на хотел на десет ката на Водно, точка која е спорна за советниците на СДСМ и коалицијата и за градоначалникот Жерновски. Одлуката за урбанистичките планови и денеска се очекува да зависи од гласот на претседавачот Шиповиќ. Минатиот пат тој беше воздржан, но бидејќи советниците на СДСМ и коалицијата ја напуштија салата, ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција обезбеди просто мнозинство за плановите да поминат. Жерновски тогаш не ја потпиша одлуката за измена на урбанистичките планови со образложение дека одлуки во локалниот совет се носат со мнозинство од вкупниот број советници, а не со мнозинство од присутните. Мнозинството во Советот на општина Центар е тесно - само еден глас одлучува кој ќе добие надмоќ за носење на одлуките. Жерновски истовремено обвини дека Шиповиќ се соочувал со огромен притисок да ги поддржи урбанистичките планови, поради обвинението покренато против него во аферата за злоупотреби во фирмата „Машинопромет“.  
Слично

Поврзани вести