Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕН НА ШТЕДЕЊЕ: Во денари или евра?

ДЕН НА ШТЕДЕЊЕ: Во денари или евра?
Гувернерот на Народната банка Димитар Богов вели дека штеди исклучиво во денари. Првиот човек на централната банка на Светскиот ден на штедењето, не открива колкави се неговите заштеди, но нагласува дека секогаш ја бира домашната валута. И граѓаните му веруваат на денарот. Статистиката покажува дека депозитите во денари се повеќе се зголемуваат и во моментов изнесуваат 51% од вкупните заштеди. „Штедењето кај населението заклучно со третиот квартал е 197 милијарди денари, за 15 милијарди денари повеќе во однос на септември минатата година, што е исклучително добро и покажува дека стапката на раст се зголемува“, вели Богов. Депозитите на домаќинствата во септември се зголемиле за околу 245 милиони денари, а по подолг период раст се забележува и кај заштедите на компаниите, што е потврда дека стопанството излегува од криза. Штедењето во денари за првпат го надмина она во странска валута во декември лани. Банките најавуваат дека заштедите ќе ги пласираат во сигурни и здрави кредитни проекти. „94 милијарди денари се вишок на штедење кои биле за кредитирање на компании и средствата на штедење учествуваат во покривање на кредити на фирми со 63 %. Тоа е важен фактор за динамизирање на еконосмкиот раст во Македонија“, изјави потпретседателот на Здружението на банкарство, Глигор Бишев  
Слично

Поврзани вести