Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕН НА АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ: Бит Пазар затворен за сообраќај!

ДЕН НА АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ: Бит Пазар затворен за сообраќај!
Од 11 до 17 часот денеска по повод Денот на албанското знаме на плоштадот „Скендербег" ќе се одржи културна манифестација. Околу 16 часот учесниците во манифестацијата ќе започнат да се движат по улиците „Џон Кенеди" ,„Цветан Димов", „Крсте Мисирков", „Гоце Делчев", „Филип Втори Македонски" и кон плоштадот„Скендербег". За време на движењето на учесниците по горенаведените сообраќајници од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, односно сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.
Слично

Поврзани вести