Економија, финансии, бизнис

Контакт

Демонстрантите пред суд порачаа дека македонскиот народ нема да го остави Груевски

Демонстрантите пред суд порачаа дека македонскиот народ нема да го остави Груевски

„Правда за Груевски“: Поддршка за Груевски, неговата борба е и наша борба, порачаа граѓаните кои вечерва излегоа на протест пред судот. 

Тие сметаат дека екс премиерот, Никола Груевски е неправедно осуден. 

„СЈО има цел за уништување на политичката елита на ВМРО. Сите обвиненија на СЈО се базирани на незаконски начин. Ги охрабруваме судиите да работат во согласност законот на РМ Го повикуваме претседателот на РМ, да донесе одлука со која ќе го прекине овој политички прогон во РМ. Упатувам јавна поддршка до Груевски. Да знае дека македонскиот народ нема да го остави“,  изјави Александар Трајковски.

Ексфункционерот од ВМРО-ДПМНЕ Оливер Андонов смета дека поранешниот премиер Никола Груевски во случајот „Тенк“ на СЈО за набавката на „мерцедесот“ е осуден без докази.

Слично

Поврзани вести