Демонстрантите од „За заедничка Македонија“ пробно ја тргаа оградата пред Собрание
Дел од демонстрантите на протестот на „За заедничка Македонија“ како да одржаа генерална проба и тргнаа да ја отстранат оградата пред Собранието на Република Македонија.

Од говорницата главни пораки упатуваат Борис Дамовски и Богдан Илиевски кои велат дека СДСМ се на чекор да извршат предавство на Македонија, и дека нивните обиди за реализирање на Тиранската платформа нема да им ги дозволат.
„Да знаат сите дека тие од кои треба да го браните Собранието се внатре во него. Ви порачувам на вас и на тие што тука службено се ангажирани, нема да има потреба од интервенција, но да знаете дека ако треба да се влезе ќе влеземе заедно со вас“, порача Илиевски.
Пред Собранието се бележи слабо полициско присуство, специјалните полициски сили не се директно распоредени, туку има само полицајци позорникари на првата линија пред влезот.
