Демонстранти маршираа во Скопје барајќи правда за починатиот Ќерими
Во Скопје денеска се одржа протестен марш за случајот ,,Алфа” и починатиот Реџаил Ќерими. Демонстрантите се движеа од плоштадот Скендербег до канцеларијата на Европската Унија во Скопје. Сметаат дека Ќерими починал во мистериозни околности.
Освен починатиот Ќерими, осудени на доживотна казна затвор за случајот „Алфа” се и Агим Ислами и Алмир Дрпљанин. Одбраната на осудените лани до Кривичниот суд Скопје, поднесе ново вештачење кое според нив ја потврдува нивната теза дека осудениот Ислами, нема врска со нападот и убиството на припадниците на единицата „Алфа” во ноември 2008 година на паркингот на ПМФ.
foto prints scrin radio slobodna evropa
Слично
