Економија, финансии, бизнис

Контакт

Демонстранти ја урнаа оградата околу темелот на крстот во Бутел

Демонстранти ја урнаа оградата околу темелот на крстот во Бутел
Демонстранти заедно со раководството на ДУИ попладнево го разурнаа целиот ограден простор околу темелникот на крстот во Бутел, поставија шатори и албански знамиња.

Тие на новинарските екипи им забрануваат да се доближат до местото, а на протестот се присутни и малолетници кои држат говори на албански јазик. Велат не сакаат Скопје да биде како Бејрут, туку како Брисел. Претходно на оваа локација се обрати градоначалникот на Чаир, Изет Меџити кој кажа  дека протестот е резултат на верската поделба која се провоцира со поставувањето на крстот. Според Меџити на крстовите и минарињата, местото им е во верските објекти, а не на сред улица. Најверојатно дел од демонстрантите ноќта ќе ја поминат во Бутел.

Неколку дена пред почетокот на изградбата на крстот кој треба да биде висок 55 метри, во населбата Топанско Поле во Скопје беше поставен споменик на двоглав орел.

03 март 2016
 
Слично

Поврзани вести