Економија, финансии, бизнис

Контакт

Демолирани автомобилите на Шилегов и неговата сопруга

Демолирани автомобилите на Шилегов и неговата сопруга

Непознат сторител ги демолирал автомобилите на скопскиот градоначалник, Петре Шилегов и на неговата сопруга, кои биле паркирани пред зграда на улицата „Хелсинки“.

Сторителот ги искршил автомобилите со физичка сила и остар предмет. 

Ш.Ј. (49) вчера во 23.10 часот пријавила дека во периодот од 17 до 22 часот во средата, на улицата „Хелсинки“, поточно на паркингот пред зградата, од страна на непознат сторител се оштетени нејзиниот автомобил „ауди К-5“ и автомобилот на нејзиниот сопруг „ауди А5“, информира МВР. 

На возилото на сопругата на Шилегов му се искршени предното лево крило, предниот лев фар, предната и задната лева врата и задното крило, а кај возилото на градоначалникот оштетени биле предното лево крило, предната лева врата, задниот лев штоп и багажникот. Со оштетувањето причинета е материјална штета, која дополнително ќе биде утврдена. Полицијата трага по сторителот.

Слично

Поврзани вести