Економија, финансии, бизнис

Контакт

Демолирана приколка на камион го затвори патот Истибања - Крива Паланка

Демолирана приколка на камион го затвори патот Истибања - Крива Паланка

На патниот правец Истибања - Македонска Каменица, во близината на ресторанот „Саваро“, попладнево околу 18 часот,  се преврте приколка од камион. Сообраќајот е во прекин, се чека дигалка со која превртената и искршена приколка ќе се отстрани од патот.

Од СВР Штип го потврдија настанот и информираа дека на местото на несреќата е испратена увидна екипа, која треба да ги утврди околностите под кои дошло до превртувањето на приколката.

До завршувањето на увидот, возилата се пренасочуваат кон алтернативни патни правци.


Слично

Поврзани вести