Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕМОЛИРАН ШТАБ ВО КИЧЕВСКО: Со тврд предмет искршени се стаклата

ДЕМОЛИРАН ШТАБ ВО КИЧЕВСКО: Со тврд предмет искршени се стаклата

Оштетен е штаб на политичка партија во околината на Кичево. 

Непознато лице вчера во селото Другово, кичевско, ги искршило стаклата на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ. 

„Во времето од полноќ до 16 часот, во село Другово– Кичево, непознат сторител со употреба на тврд предмет искршил две стакла од објектот кој се користи како штаб на политичка партија ВМРО-ДПМНЕ. Увид на местото на настанот е извршен и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот“- информираат од МВР.

Увид на самото место е извршен и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Повеќе вакви инциденти се случија од почетокот на кампањата за локалните избори кои ќе се одржат на 15 октомври. 

Претпоследен оштетен беше штабот на Обединети за Македонија во скопско Драчево. 

Слично

Поврзани вести