Демолиран автомобилот на гласноговорничката на ВМРО-ДПМНЕ
Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, објави дека нејзиниот автомобил е искршен и во прилог објави фотографии на социјалните мрежи.
Лкенот на Извршниот комитет на најголемата опозициска партија смета дека мотивите се политички.

„Понеделничкото утро на мене и мојата фамилија ни започна вака, го најдов моето возило искршено и демолирано.Очигледно се во паника и исплашени, па тргнаа да не заплашуваат и нас зошто знаат дека ќе има одговорност за сите криминали.
Ако некој мисли дека пораката е примена, можам само да ви порачам дека ваквите методи кои се одлика на страв предизвикуваат поголема храброст и кај мене и кај ВМРО-ДПМНЕ. Сега сме 100% уверени дека сме погодиле точно во сржта, а да знаете одговорност ќе има“, напиша Митева.
