Економија, финансии, бизнис

Контакт

Демократски сојуз во редовна постапка ги достави законите за СЈО

Демократски сојуз во редовна постапка ги достави законите за СЈО

Демократскиот сојуз денеска во редовна собраниска постапка ги достави Предлог- Законот за измени на Законот за СЈО и Предлог -Закон за промена на Законот за заштитени сведоци. 

Со нив се предвидува продолжување на периодот за поднесување на обвинение односно СЈО да може да користи заштитени сведоци во постапките против обвинетите. 

„Донесување на законите во редовна постапка отвора можност да се расправа на комисиите, како и на пленарна седница. Очекуваме аргументирана расправа и преку носењето на законите и силна поддршка на СЈО. Парламентот наместо да ја попречува правдата, ќе создаде услови за поефикасна работа на СЈО и инволвираните во криминал да понесат одговорност“ - додаваат од Демократски сојуз.

Двата закони вчера не ја добија поддршката од пратениците во Собранието. 

Слично

Поврзани вести