Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: Владата да ги разреши актуелните партиски директори на М-НАВ и на нивно место да именува експерти

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: Владата да ги разреши актуелните партиски директори на М-НАВ и на нивно место да именува експерти

Демократски сојуз(ДС) бара да се суспендираат партиските директори на М-НАВ.

„После неколку мега афери во М-НАВ, денес се случи и упад во контролата на летање и физички напад на контролори на летање. За да се спречат можни катастрофални последици, бараме Владата, да одржи вонредна седница и да ги разреши актуелните партиски директори на М-НАВ и на нивно место да именува експерти од редот на вработените во М-НАВ“, се вели во реакцијата на Демократски сојуз.

Бараат раководството на МВР, да преземе најитни мерки против тие што упаднале во објект на М-НАВ, како и против тие што го организирале упадот и нападот на контролорите на летање. 

„Со ваков криминал, нестручност и партизација на витални државни институции нема да стигнеме никаде, уште помалку во Европската унија. Со ДУИ и СДСМ, Македонија ја зафати, не катастрофа туку катаклизма“, велат од партијата.

Претседателот на Синдикатот на Контролори за летање, Александар Тасевски, преку социјалната мрежа Фејсбук соопшти дека околу 15:30 часот се случил инцидент во М-НАВ предизвикан од неидентификувани лица. 

Министерството за транспорт и врски континуирано ја следи состојбата во М-НАВ, а од апсект на надлежности, нема законска надлежност да влијае врз интерните постапки за вработување, ниту, пак, да влијае врз финансиската самостојност на АД М-НАВ, информираат од ресорното Министерство.

Слично

Поврзани вести