Економија, финансии, бизнис

Контакт

Демократски сојуз: Новото парламентарно мнозинство одлучува во Собранието

Демократски сојуз: Новото парламентарно мнозинство одлучува во Собранието

Собранието на Република Македонија, составот на работните тела е одраз на бројот на пратеници, при што парламентарното мнозинство ги носи одлуките, често пати без поддршка од опозиционите партии. Така и при изборот на составот на комисиите, доколку не може да се постигне консензус, тогаш партиите што имаат мнозинство одлучуваат., велат од Демократски сојуз по денешната неуспешна координација меѓу парламентарните партии кои не се договорија за изборот на претседател на комисијата за избори и именување.

„Во спротивно доколку опозицијата инсистира на мнозинство во комисиите и да раководи со истите, во тој случај ќе се случува блокада на работата на Парламентот. Мнозинство може и треба да има опозицијата во комисите кои вршат контрола и надзор над службите за безбедност и институциите кои можат да вршат контрола над средствата за јавна комуникација (прислушување).

Со комисијата за избори и именувања и комисијата за имунитетско-мандатни прашања, секогаш раководеле пратеници од партиите кои имаат мнозинство во Парламентот. Како и да е, парламентарната демократија има свои правила и тие правила во сите парламенти функционираат на исти начин.

Демократскиот сојуз укажува на потребата од разумно однесување, деблокирање на работата на Парламентот и избор на реформска Влада, како битен предуслов за стабилизирање на државата, нормализирање на животот на граѓаните и спроведување на коренити реформи, клучни за евроатланските перспективи на Македонија“, тврдат од ДС.


Слично

Поврзани вести