Економија, финансии, бизнис

Контакт

Демократски сојуз ќе оди заедно со СДСМ на локалните избори

Демократски сојуз ќе оди заедно со СДСМ на локалните избори

Демократскиот сојуз на седницата одржана на 7 септември на локалните избори ќе настапи како коалициски партнер на СДСМ. Ваквата одлука следува откако претходно ДОМ и ЛДП одлучија да настапат самостојно како коалиција.

„Еден од главните мотиви е заштитата на националните и стратешките интереси на централно и локално ниво, како и имплементација на европските вредности.Цврсто сме убедени дека приоритетите на ДС за развој на општините ќе бидат дел од заедничката изборна програма и ќе бидат реализирани од новите градоначалници и совети на општините и градот Скопје.

Борбата против урбаната мафија и загадувачите на воздух, воведување ред во работата на угостителските објекти и гласната музика, донесување на детални урбанистички планови, формирање урбана полиција, средување на сообраќајниот хаос, изградба на катни гаражи итн., се само дел од приоритетите.

Демократскиот сојуз е за отворање перспективи за младите, за европска Македонија и силно се спротивставува на тие што со деструкција и екстремизам се обидуват да печалат политички поени.Демократскиот сојуз е за фер и демократски избори, но и за коренити промени на изборните правила, стои во соопштението од партијата“, објави Демократскиот сојуз.


Слично

Поврзани вести