Економија, финансии, бизнис

Контакт

Демократски сојуз и Павле Трајанов го напуштија владиното мнозинство

Демократски сојуз и Павле Трајанов го напуштија владиното мнозинство

Павле Трајанов вечерва на прес-конференција соопшти дека неговата партија го напушта парламентарното мнозинство. Ваквата одлука следува во услови кога Алтернатива ја напушта коалицијата, а влегува Алијанса за Албанците.

- Нема да бидеме дел од парламентарното мнозинство, но ќе ги поддржуваме сите проекти кои ќе значат за европските стандарди и членство на Македонија во ЕУ. Ќе бидеме кооперативни за сите закони за подобрување на животот на граѓаните, но ќе ги браниме и нашите стратешки интереси, рече Трајанов.

Централниот совет заклучил дека партиските програми не се имплементирани од коалицијата, а заложбите биле Македонија да биде една изборна единица, да се направи ревизија на работата на секој судија и да се формира Агенција за борба против корупцијата. 

Трајанов ја квалификуваше како опасна теза мантрата на СДСМ дека кој не е со нив, тој „е против ЕУ“.

Слично

Поврзани вести