Економија, финансии, бизнис

Контакт

Демократската партија на Турците и официјално се приклучи на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ

Демократската партија на Турците и официјално се приклучи на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ

Демократската партија на Турците денеска официјално се приклучи на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците, Христијан Мицкоски и Зулфикар Зејнула, денеска потпишаа договор за влегување на помалата партија во коалицијата „Твоја Македонија“. Мицкоски кажа дека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ сега ќе има 59 пратеници во Собранието. 

„Со потпишување на договорот за политичко партнерство, соработка и поддршка со Демократската партија на Турците на Македонија испраќаме јасна порака дека кога станува збор за интересите на граѓаните и иднината на државата, постои простор за обединување околу заеднички вредности, принципи и цели. Ова партнерство е засновано врз доверба, заемно почитување и искрена определба да се работи во интерес на сите граѓани. Посебно ми е драго што денес нашето политичко семејство станува побогато со Демократската партија на Турците на Македонија“, рече Мицкоски. 

Премиерот додаде дека турската заедница е нераскинлив дел од нашето општество, народ кој со својата работа, традиција и лојалност со децении придонесува за развојот на државата. 

Слично

Поврзани вести