Економија, финансии, бизнис

Контакт

Демири повторно пред суд за канцеларијата на Иванов

Демири повторно пред суд за канцеларијата на Иванов

Денеска е закажано ново рочиште против членот на Левица Мариглен Демири поради неговото учество во минатогодишните протести кога беше демолирана Народната канцеларија на претседателот Ѓорѓе Иванов откако тој донесе одлука за аболиција на политичари осомничени од СЈО.

Демири е обвинет дека учествувал во демолирањето на Народната канцеларија на претседателот, а од него се бара отштета од 8.500 евра.

Адвокатот Сашо Дуковски го оспори вештачењето и рече дека е направено на незаконски начин, а Демири се изјасни дека не е виновен за делото за кое се товари.

Освен против Демири, ваков процес се води и против уште еден член на Левица, Здравко Савески и двајцата членови на раководството на Левица, кои траат повеќе од една година и со постојано одложување на рочиштата.


Слично

Поврзани вести