Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност, изјави попладнево министерот за здравство Илир Демири.

Тој кажа дека треба да се провери дали имало договор за осигурување или не.

„Ако зборувате за хаваријата со цевката од парно таа е санирана уште вчера од страна на Заеднички служби. А пропо вашата изјава дали е потпишан договор или не, тоа се интерни договори на клиниките со кои не располагам. Морам да ги проверам, па после да ви кажам дали е така или не“, изјави Демири.

Синоќа пукнала парна цевка на Клиниката за токсикологија при Клинички центар и час и половина течела вода од радијаторот, по што просториите на третиот кат биле поплавени, но водата продолжила да тече надолу кон подрумот. 

Слично

Поврзани вести