Демир Капија со најголема излезеност до 13ч, најмалку глaсале во Јегуновце
Непречено се одвива гласањето барем досега, со регистрирани мали неправилности и нарушен јавен ред и мир, заклучија од ДИК за досегашниот тек на вториот изборен круг кој се случува во 35 општини.
Најголема излезеност до 13 часот има во Демир Капија каде што Државната изборна комисија бележи 48,91%.
Најмалку гласачи излегле да го остварат своето право до 13 часот или 12,77%.
Вкупниот број на обраборени над 99,8 проценти на државно ниво изнесува 24,38 проценти излезеност.
ДИК засега не добиле приговор од гласачите за повредено избирачко право.
Од Скопските општини најмногу излезеност до 13ч ДИК бележи во Кисела Вода, каде досега гласале 27,99% од запишаните гласачи во избирачкиот список.
Слично
