Демир Хисар и Крушево со свои регистарски таблички
Според Министерството за внатрешни работи, на барање на граѓаните на општина Демир Хисар и општина Крушево, се одобрени регистарски таблички за возила од овие градови.
За областа на Демир Хисар, кодот на регистарски таблички ќе биде ДХ, а за областа Крушево, регистарските таблички ќе бидат со предзнак КШ.
Одлуката за измена на Правилникот од областа на регистрација на возила беше објавена во Службен весник на 7 јуни и ќе влезе во сила осмиот ден од неговото објавување.
Слично
