ДЕМЕРЏИЕВ НЕ ГИ ДОЧЕКА БУГАРИТЕ ВО СКОПЈЕ: Најави донација на генератори за да не паѓа системот на границата
На гробот на Гоце
Делчев во црквата Свети Спас се поклони бугарскиот министер за внатрешни работи
Иван Демерџиев, кој откако положи цвеќе нагласи дека не ги дочека бугарските
граѓани во Скопје заради најстрогите мерки кои ги презела макдонската полиција.
Тие не успеаја да стигнат точно во 13 часот за кога беше најавена бугарската делегација бидејќи поради неколкучасовен пад на системот на границата Деве Баир, не им беше овозможен влез. Демерџиев очекуваше меѓу 100-150 луѓе.
Во оваа насока најави донација на генератори за граничниот премин за да не се случува пад на системот.
Истовремено, бугарскиот министер изјави дека ги замолил европатеникот Ангел Џамбаски и Костадин Костадинов да останат во Бугарија и да не предизвикуваат провокации
