Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ДЕМЕК Е НОРМАЛНО...“Состојбата во опозицијата не може и не смее да биде алиби за неодговорноста на власта, и порача Макрадули на власта

„ДЕМЕК Е НОРМАЛНО...“Состојбата во опозицијата не може и не смее да биде алиби за неодговорноста на власта, и порача Макрадули на власта

Јани Макрадули од СДСМ, вели дека однесувањето на власта не зависи од состојбата во опозицијата.
„Не знам како ни се наметна тезата дека однесувањето на власта зависи од состојбите во опозицијата. Демек е „нормално“ да упропастиш цела ИПАРД програма, да дозволиш, заради гласовите на Орце да ти ја понижуваат министерка од сопствената партија, да поставуваш противуставни повереници, и да се расправаш со ЕУ, со речник под секое ниво.

Состојбата во опозицијата не може и не смее да биде алиби за неодговорноста на власта. Бидејќи одговорноста не се дели, не се префрла, туку се носи и треба да знаеш да се носиш со истата.

Алибито за пропаднати две години мандат, чувајте си го за на Конгрес, а опозицијата, без брзање, МОРА да подготви прво извештај за изборите, а потоа креира план, план со содржина и социјалдемократска душа и страст“, напиша тој.


Слично

Поврзани вести