ДЕМАНТ ОД ТИНА ПЕТРУШЕВСКА, ДОСТАВИ И ДОКУМЕНТ: Котелот го донесов лично јас и го оставив на времено користење во „Лајка“
По текстот на
Фактор за котелот за парното греење во ЈП Лајка во кој ја пренесовме изјавата
на актуелната директорка Радмила Пешева дека „претходната директорка си го
однела“, денеска овие наводи целосно ги демантира Тина Петрушевска, поранешната
директорка на ова јавно претпријатие.
-Има разлика од „донација“ до „дадено на користење“, и за котелот од 2 тона постои одлука на Управниот одбор на ЈП „Лајка“ со записник за примопредавање. Иако бев разрешена на 02.12.2021 одлучив да го оставам котелот за греење до 29.03.2022 бидејќи ми беше жал за кучињата. Верувам дека никој друг тоа не би го направил на мое место, на сите навреди и клевети.
Во оваа насока Петрушевска целосно ги демантира наводите на нејзината наследничка дека котелот мистрериозно исчезна, за што достави и документ.


