Демант од МВР: Има залихи од обрасци за возачки дозволи за наредните три години, не е точно дека има недостаток
Откако во јавноста почнаа да се споделуваат информации дека во МВР нема доволно обрасци за изработка на возачки дозволи, Министерството за внатрешни работи најостро ги демантираше тие информации, нарекувајќи ги дезинформации.
„Ја информираме јавноста дека нема никаков недостаток туку напротив, МВР има обезбедено залихи кои се доволни за наредните три години. Термин за фотографирање на граѓаните се добива за само еден ден, а возачките дозволи се изработуваат и издаваат за неколку дена, многу порано од законски пропишаниот рок. Апелираме да не се шират дезинформации со кои се создава забуна меѓу граѓаните“, информираат од МВР.
Слично
