Економија, финансии, бизнис

Контакт

Демант од Каракамишева на текстот објавен на Фактор за разрешените членови на управни и надзорни одбори

Демант од Каракамишева на текстот објавен на Фактор за разрешените членови на управни и надзорни одбори

Откако Фактор објави текст кој се однесува на промените во владата и одлуката да се разрешат сите членови на управни и надзорни одбори, а меѓу кои разрешена е и професорката Тања Каракамишева, професорката до нашиот портал испрати реакција и демант во кои тврди дека дел од текстот посветен на нејзе е крајно тенденциозен и со истиот се нарушува нејзиниот углед.

Целосно го објавуваме демантот во текстот подолу:

“На вашиот портал  денес, 12.07.2017 година објавен е текст со наслов „ПАДНАА ФОТЕЉАШИТЕ НА ВМРО ДПМНЕ: Престанува ли практиката лојалноста да се купува со директорско место?“, каде во посебен издвоен дел со наслов „Каракамишева шампион“ посочувате дека „најголем губитник по последната одлука на Владата е професорката на Правниот факултет Тања Каракамишева, која освен професорската плата добиваше паушал уште од седум-осум други функции“.

Со оглед дека вашиот текст е крајно тенденциозен со цел нарушување на мојот личен и професионален углед и достоинство, барам вашиот портал да ги поткрепи изнесените тврдења со факти и да и одговори на јавноста од кои позиции сум разрешена со последната владина одлука освен, веројатно, од Надзорниот одбор на „Македонска пошта“ кој е единствен надзорен одбор во кој сум членувала.

Со оглед дека во текстот тврдите дека „освен професорската плата добивам паушал уште од седум-осум други функции“ барам да ги наведете тие други седум-осум функции за кои добивам редовен месечен паушал, и да и ја објасните на јавноста вашата конструкција „паушал“.  

Доколку не постапите согласно барањево во демантот и не се извините за изнесените лаги дека добивам паушал од седум-осум други функци ќе бидам приморана правдата да ја барам по судски пат“, стои во демантот од професорката Каракамишева испратен до нашиот медиум.

Слично

Поврзани вести