Економија, финансии, бизнис

Контакт

Демант и извинување од „Фактор“: Мијалков не поседувал земјиште во Морани

Демант и извинување од „Фактор“: Мијалков не поседувал земјиште во Морани


Од адвокатската канцеларија која го застапува поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков строго демантираат дека тој некогаш поседувал земјиште во Морани,по објавениот текст на Фактор со наслов „Агенцијата за одземен имот го продава плацот во Морани за кој се веруваше дека е на Мијалков, дали овој пат понудата ќе биде успешна?“

- Вистината е дека никогаш не сум го поседувал и немам никаква поврзаност со тоа земјиште и заради тоа не можело да ми биде конфискувано, еднаш веќе категоришно демантираше Мијалков откако беше објавена претходната понуда.

Нашата редакција се извинува доколку со оваа објава остави погрешен впечаток кај читателите дека овој недвижен имот бил во сопственост на некогашниот директор на поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање.


Слично

Поврзани вести