„ДЕЛУВА СМЕШНО, НО СЕ ДОВЕДОВМЕ ДО ОВАА СИТУАЦИЈА“: Мицкоски за акцијата за чистење
Се доведовме во 21 век да зборуваме за елементарни работи и делува комично, но кога нешто мора да се направи, мора, вели премиерот Христијан Мицкоски за вчерашната акција за чистење на главниот град.
„Вчера во исклучително рекордно време ги мобилизираше сите капацитети, но во акцијата се вклучија и општествено-одговорни компании. Денеска барем можевме да видиме дека контејнерите се празни, чисти. Навистина делува смешно, и јас понекогаш можеби би се насмеал, но за жал се доведовме до ваква ситуација. Ова беше стратегија на опозицијата да преку неработењето на претходната градоначалничка ни донесе одредена штета и до одредена мера тоа се постигна. Мора да почнеме да гребе од под темелите за да дојдеме нагоре“, вели Мицкоски.
Вчера, премиерот но и новоизбраните градоначалници објавуваа фотографии од чистењето на градот, а денеска тој самиот објави видео од моментите како се чисти градот и како дава насоки.
