Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕЛТА ВАРИЈАНТАТА ПОЧНУВА ДА ДОМИНИРА И ВО МАКЕДОНИЈА: Кај две третини од новозаразените е потврден сојот

ДЕЛТА ВАРИЈАНТАТА ПОЧНУВА ДА ДОМИНИРА И ВО МАКЕДОНИЈА: Кај две третини од новозаразените е потврден сојот

Според последната направена анализа, како што денеска соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, дури две третини од позитивните граѓаните во државата се заразени со делта варијантата.

-Последната анализа беше дека две третини од сите случаи, од направениот скрининг, се препишуваат на делта сојот. Следната недела треба да излезе новата анализа која ја прави Институтот за јавно здравје и лабараторијата на МАНУ. Тоа што е битно е без разлика дали пациентите се заразени со едниот или другиот сој правилата за вакцинација остануваат исти, истакна министерот Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање пак во однос на високиот број починати поради компликации од вирусот, особено во изминатите неколку денови кога имавме црни биланси, Филипче рече дека станува збор за пациенти со коморбидитети, односно луѓе со кардиоваскуларни и белодробни хроничи болести.

А.Б.


Слично

Поврзани вести