ДЕЛТА НАГЛО ЌЕ ГО КРЕНЕ БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ ВО ЕВРОПА: Критично во август, ЕЦДЦ очекува над 660 инфекции на 100.000 жители
Поради ширењето
на делта варијантата низ Европа, според последните анализи на Европскиот центар
за превенција и контрола на болести се очекува бројот на случаи нагло да се
зголеми и да достигне и до 662,9 нови инфекции на 100.000 жители во првата
недела од август.
Како што наведува агенцијата ДПА, во текот на минатата недела стапката на инциденца од седум дена беше 89,6, но според проценките во нареднава недела се очекува да има 144,6 нови инфекции на 100.000 жители, а потоа, односно на почетокот на август инциденцата нагло ќе се искачи на проценетите вредности од 262,2 и 420,4, па дури и на 622,9 во следните недели.
Според Европскиот центар за превенција и контрола на болести ова е резултат единствено на брзата трансмисија на делта сојот.
